А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Власта и Шилегов да одговорат чии бизнис интереси штитат за еколошката катастрофа на Вардар

by А1он23/09/2019 - 10:19199
Share0

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Градот Скопје бара сеопфатна истрага за еколошката катастрофа која се случи на реката Вардар и уништувањето на живиот свет во главната артерија на Скопје.

Добивај вести на вибер

„Ова не е изолиран инцидент, туку последица на континуирана негрижа на Градот Скопје и надлежните институции. Наместо парадерство на Шилегов, потребно е да се засукаат ракавите и да понудат конкретни решенија. Популизмот на Шилегов платен со парите на граѓаните не може да ја сокрие неговата неспособност и лукративност. Оттука во неделата кога Шилегов се фалеше со достигнувањата во заштитата на животната средина среде Скопје отровна хемиска супстанца предизвика помор на риби во реката Вардар. И ова не е прв пат да се предизвика вакво уништување на животната средина.

Жителите во близина на еколошката катастрофа се жалат постојано на миризби и испуштање на токсични материи во водата, додека градските инспекциски служби не реагираат со што се ставаат во заштита на нечиви бизнис интереси наместо да го штитат здравјето на граѓаните.

Шилегов треба да одговори кој тоа во континуитет дозволува еколошка катастрофа и поради чии бизнис интереси тоа се толерира. Зошто за Градот Скопје бизнис интересите се поважни од здравјето на граѓаните? Кој бизнисмен власта го штити како бела мечка и дозволува еколошка катастрофа среде Скопје?

Петре Шилегов и надлежните државни институции се најнадлежни да го решат постојниот случај со еколошката катастрофа во Скопје. Две години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје.

dpmneskopje

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто