Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ветувањето за Универзална сала е изборен блеф на Шилегов

Од:

„Претседателката на Совет на градот Скопје Љубица Јанчева наместо да ја пуштаат низ вода со однапред напишани текстови кои едвај ги чита, Петре Шилегов да одговори зошто потроши 3 години од мандатот а шајка не стави на Универзалната сала да ја реновира.

Вистината е дека шминкерот Шилегов нема план, ниту визија за Универзалната сала. Ова е замачкување на очи во последната година од неговиот мандат. Типичен блеф. Еден ден тој вели дека ќе ја дислоцира, друг ден дека ќе прави реконструкција на постојната и изградба на нова на друга локација, за да денес се радуваат на парите издвоени од државниот буџет од страна на криминалната влада“, се вели во реакцијата на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје на изјавата на Љубица Јанчева.

„И во исто време додека пионот на Шилегов, Јанчева држи пресови за Универзалната сала, градот Скопје доби два милиони евра од владата за покривање на загубите на градското јавно сообраќајно претпријатие ЈСП, што докажува дека градот Скопје под водство Шилегов е бунар без дно. Од друга страна Шилегов на маса имаше оставено од неговиот претходник готови два модерни проекти за реализација на Универзалната сала. Единствено што требаше во овие три години да почне со реализација на истите. До денес ќе имавме реконструрана Универзална сала.

И од ова ветување за реконструкција на салата од Шилегов ќе остане само ветер и магла. За тоа колку е површен Шилегов говори фактот што во исто време кога дава 200 илјади евра градот за украси, лампиони и силјалички, моли од владата да му се покријат загубите на ЈСП од 2 милиони евра. Затоа на Скопје му тррба градоначалник а не шминкер. Петре батали шминкерајот, зафати се за работа“, реагира Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски