Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани

Од:

„Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани. Скопје продолжува да биде најзагаден град во Светот, без градска депонија кока ќе ги исполнува европските и светски стандарди.

Откако два дена Шилегов се фалеше со прескапо платената опрема за собирање смет, никаде го нема да одговори зошто го оштети буџетот на Скопје за 16 милиони денари пари кои можеше да ги заштеди и инвестира за доброто на скопјани.

Вредноста на набавката е 1.5 милиони евра или околу 90 милиони денари од буџетот на Градот Скопје. На истата набавка мора да се плати ДДВ во вредност од 18% или околу 16 милиони денари.

Ако парите преку Советот на Град Скопје се префрлеа на Јавното Комунално Претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, ќе се заштедеа парите од ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со заштедените средства ќе можеше да се инвестира во нова опрема. Од друга страна на депонијата Дрисла се гледа како на мегдан за правење на бизнис интереси на луѓето од власта и оние блиски до Зоран Заев. Додека Шилегов не мрда со малиот прср Скопјани се гушат во сметот и депониите за кои Шилегов нема решение.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски