Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка за над 900 мртви, Шилегов и власта на Караџовски му дадоа награда 13 Ноември

Од:

„Вистински скандал е што наместо оставка на Жарко Караџовски за над 900 починати лица поради КОВИД пандемијата, градот Скопје, Петре Шилегов и власта на Заев му дадоа награда 13 Ноември.

Тоа преставува деградирање и омаловажување на самата награда. Заслугите на Жарко Караџовски се тоа што во земјава дневно се заразуваат над 800 лица, Градот Скопје е главен корона кластер и сме држава со убедливо најголем процент на починати лица по глава на жител во регионот“, реагира Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Дополнително во составот на комисијата која одлучува за наградата 13 Ноември е и советникот на Зоран Заев Љубиша Станковиќ, што значи советникот на Заев му доделил награда на сатрапот на македонското здравство Караџовски, а Шилегов тоа го одобрил.

Секаде во светот фрштат оставки поради лошото справување со кризата само кај нас делат награди. Петре Шилегов со ова ја деградира наградата 13 Ноември“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски