Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов преку Дрисла вработува партиски, трошејќи 8.6 милиони денари

Од:

„Градоначалникот Петре Шилегов не престанува со скандалите. Најново е што во услови на тешка економска криза и во моменти кога се кратат плати тој преку претпријатието „Дрисла“ склучил јавна набавка за нови времени вработувања со што директно ја отвора вратата за нови псртиски вработувања.

Од „Дрисла“ Шилегов претвора партиска канцеларија на СДСМ каде во овие тешки времиња сумата која ќе се издвои за таа намена е 8 614 000 денари или 140 илјади евра“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Непозната е бројката која ќе се вработи, но затоа сумата гарантира дека ќе се вработи добро платена работна сила. Овие партиски вработувања доаѓаат во време кога СДСМ и Шилегов бараат избори.

Со ова докажува дека ги злоупотребуваат институциите, а Шилегов во услови на криза преку „Дрисла“ прави партиски вработувања тешки 8 милиони денари или 140 илјади евра.

Потсетуваме дека пред една недела прво криеја, а потоа отаско беа фатени во лага Шилегов и Директорот на „Дрисла“, Коста Начевски признаа дека ќе купат три џипа за потребите на директорот.

Прво се снабди со коли, а сега ќе трошат пари за партиски вработувања. „Дрисла“ нема зголемен обем на работа, а Шилегов дава зголемен буџет за нови партиски вработувања.

Апелираме до Шилегов да се откаже од набавката и склучениот договор, да ја поништи истата и да се пренаменат парите во решавање на проблемите на скопјани“, соопштуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски