Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не направи ниту еден проект, нема тунел под Кале, нема нови булевари, само менува имиња на улици

Од:

„Петре Шилегов нема направено ниту еден проект. Нема тунел под Кале, нема нови булевари, освен булеварите кои што му ги остави Коце Трајановски, само менува имиња на улици, а Заев ќе го кандидира пак.

Петре Шилегов е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, со самиот факт што за Заев е фаворит, тоа уште еднаш потврдува дека целото работење на Шилегов е по насока на Заев, а тоа е целосна не работа и раздавање на тендери“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Шилегов не оствари ниту 10% од неговата изборна програма. Нема никакви резултати од областа на екологијата, борбата против загадувањето и комунална хигиена.

Скопје за овие 4 години стана еден од најзагадените градови во светот. 4 години Вардариште е дива депонија и проблем за Аеродром и Гази Баба. Диви депонии има на секаде во околината на Скопје и самиот град.

Мерните станици на загаденоста на воздухот често покажуваат и по 10 и 20 пати зголемена канцерогеност на воздухот.

Шилегов не се грижи за зеленилото. Сведоци сме на исушени дрва и исушена трева.

Граѓаните немаат доволно вода за пиење, околу 40.000 жители во Гази Баба, Ѓорче Петров и Шуто Оризари живеат како во среден век.

Шилегов нема инфраструктурни проекти. Шилегов вети и не ја направи Универзална сала. Шилегов вети и не направи забавен парк. Шилегов вети и не направи тунел под Кале. Шилегов вети и не направи нови мостови и булевари.

Петре Шилегов ќе остане само познат по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на градска куќа, обезличување на Скопје и како најнекултурен градоначалник на Скопје кој ги навредува сите неистомисленици со многу погрдни зборови“, се наведува во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски