Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо метропола од Скопје среде плоштад прави полјана

Од:

„Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор кој ќе доликува на метропола тој создаде полјана. Ова не е слика на земјоделска површина, ниту нива која чека за посев, туку просторот среде плоштадот во центарот на Скопје.

Чудни се естетските критериуми на Шилегов и за скопјани е несреќно долго најавуваното доуредување на плоштадот Македонија кон делот на ГТЦ каде на најфрекфентното место Шилегов вметна зелена трева со што го ограничи просторот на движење на граѓаните онаму каде тоа е потребно“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.

„Градот Скопје станува експеримент на фрустрациите, хировите и криминалните експерименти на Шилегов.

Доколку оправдувањето на скандал мајсторот Шилегов е дека посочената парцела е приватна сопственост тогаш тој е градоначалник цели три години и зошто не ја дооформил парцелата и ставил под владение на градот, а дури потоа да врши доуредување на просторот. Ако парцелата не е на градот Скопје тогаш кој ја создаде полјаната која е дел од проектот на Петре. Шилегов должи објаснувања на скопјани.

Правењето на полјани онаму каде не им е местото, а од друга страна уништувањето на паркови не е нешто со што треба Шилегов да се гордее“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски