Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да ги чисти, неконтролирано ги зголемува дивите депонии

Од:

„Шилегов наместо да ги чисти, неконтролирано ги зголемува дивите депонии. Дента кога објави дека се чисти дивата депонија во Ново Село и Волково, на истата површина се создаде нова и сето тоа неказнето и со одобрување на градските власти“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Фотографиите покажуваат дека депонијата постои, и дека дивите депонии се нерешлива енигма за скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Толерирањето на депониите значи толерирање на нарушување на здравјето на граѓаните. Ќе потсетиме дека Шилегов вети пред да стане градоначалник чистење на големите депонии и зелено Скопје, но кај Шилегов зелени се само парите кои доаѓаат од матни тендери и сомнителни зделки. Бараме итен активизам и темелно чистење на депонијата во Општината Ѓорче Петров како и другите депонии. Прашање на време е кога ќе дојде до нова еколошка катастрофа. Депониите се закана за здравјето на скопјани“, соопштува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син