Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов излажа дека испратил барање за учество во работна група, криминалот со продажбата на градската куќа не може да се сокрие

Од:

„Шилегов ја излажа уште еднаш јавноста. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема добиено барање за назначување на преставник кој ќе го мониторира скандалозниот процес на продажба на градската куќа. Ниту писмено, ниту усно барање е пристигнато до Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, ниту пак е формирана работна група во која учествува опозицијата, што укажува дека Шилегов преку инстант лаги купува време, а во реалноста спроведува криминална распродажба на градската куќа.

Што се однесува до аргументите, еве неколку аргументи на кои Шилегов сеуште нема одговор:

ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ не продава и урива туку гради. Бидејќи Шилегов изрази интерес за простории на Градот Скопје во стогиот центар на градот, такви претходното раководство на Градот обезбеди во Офицерскиот дом на плоштадот Македонија, а чија градба е стопирана откако СДСМ е на власт.

Што се однесува до навредите за некакво кукавичко однесување, Шилегов треба да знае дека нема поголем кукавичлук од тоа прво да лажете дека нема да се продава градската куќа, потоа да ставите како итна точка продажба на градската куќа за да на крај лажете за барање за учество во работни групи кој треба да прават надзор на продажбата.

Шилегов бидејќи во јавноста глуми неинформиран, еве ние да го информираме, но и во исто време да го прашаме: дали е спремен да понесе одговорност доколку Градската куќа се продаде, а за возрат се добие неколку децении старата зграда на поранешното ЕСМ? Дали е спремен и кривично да одговара што новиот сопственик на новата градска куќа ќе го части со нула комуналии и бесплатно државно земјиште каде се наоѓа таа зграда? И дали Шилегов е спремен со својот имот да ја надомести разликата во сумата од инвестираното во новата зграда и пониската цена по која таа веројатно ќе се продаде.

Овде мириса на тежок криминал и ова е прва продажба на државен имот каде на формална аукција однапред се знае идниот купувач. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ