А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е џелатот на Скопје, со еден потпис реши да ја урне Универзална сала

by А1он28/07/2020 - 09:1928/07/2020 - 12:34411
Share0

„Петре Шилегов со еден потпис одлучи да ја урне Универзална сала. Најнеспособниот градоначалник на Скопје ќе ја урива салата која буди спомени на илјадници скопјани.

Следете a1on на Instagram Instagram

На само неколку дена по годишнината од скопскиот земјотрес, Шилегов приреди нов земјотрес.

Шилегов и СДСМ, кои три години ги лажат скопјани дека ќе го враќале духот на вистинското Скопје, вчера одлучија да се сруши Универзална сала, а за тоа ниту ги прашаа граѓаните, ниту стручната јавност, туку сами на своја рака ставија крај на една сала од која произлегле голем број на таленти“, соопштува Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Симболот на Скопје, салата во која се организирани голем број на приредби, концерти и настани со кои пораснаа десетици генерации оди во историјата со одлука на Петре Шилегов и СДСМ, тоа е спротивно на сите нивни ветувања во предизборните програми дека ќе ја реновираат салата и дека ќе ја подобрат нејзината функционалност.

Следете a1on на Youtube YouTube

Петре Шилегов станува џелатот на Скопје, не само што не гради ништо ново, туку го руши и она кое некој друг го направил и го оставил на генерациите по него.

Со уривањето на Универзална Шилегов го урива и еден од симболите на солидарноста, од која се изгради постземјотресно Скопје.

Петре Шилегов и СДСМ само уништуваат и создаваат хаос“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

dpmnesilegovuniverzalna

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео