Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо со нови булевари, Шилегов со нови 350 партиски вработувања

Од:

„Петре Шилегов за само една недела преку мнозинството во Советот носи одлука за 350 нови вработувања на партиски војници кои ќе бидат дел од Градот Скопје. Се работи за најголем дел на партиски вработувања и планови кои се пуштени на одобрување и дискусија во Советот на Градот Скопје.

Овие 350 нови вработувања се распределени во Градската администрација на Градот Скопје и ЈСП. Минатата недела мнозинството на советници на власта одобри план за вработување на 170 партиски војници во ЈСП, а веќе овој четврток Шилегов предлага план за нови 110 вработувања во Градот Скопје на определено време кои треба да се реализираат оваа година и 76 нови вработувања на неопределено време во градската администрација за наредната година. Заедничката бројка покажува дека Шилегов, владејачкото мнозинство на градот Скопје и
Претседателката на Совет, Јанчева за една недела носат одлука со која потврдуваат над 350 вработувања.

Според нашите неформални сознанија најголемиот дел од нив ќе поминат низ партиската кадровска комисија на СДСМ. Нема да се вработува по компетентност туку по партиска припадност. Тоа е и причината поради која досегашната пракса на работа на Советот покажува дека се кријат биографиите на предложените членови на Надзорни и Управни одбори.

Шилегов со 350 нови вработувања, Градот Скопје го претвора во своја партиска филијала, наместо да реализира проекти.

Обвинувањата на Шилегов пред да дојде на позицијата градоначалник беа дека градот Скопје има гломазна и превработена администрација, а две години потоа Градот го претвора во партиско дувло. Нема пари за капитални проекти, но има пари за нови вработувања.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ се противи на ваквото партизирање и вработување без критериуми. На Скопје не му треба партиско насилие туку проекти и работа какви не гледаме изминатиов период. Две години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син