Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Мрзливиот Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши

Од:

„Мрзливиот Петре Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши

4 години слушаме како неспособниот и мрзлив градоначалник Петре Шилегов се заканува како ќе руши нешто што самиот не го изградил, а додека како празна воденица меле закани, дивоградбата во Матка се прошири и надгради, а воедно дивоградбата пред Мавровка доби одново форма и пак се вивна. Зошто мрзливиот Шилегов не отиде и да побара од надлежните институции да ги срушат овие дивоградба“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Четири години од својот мандат ги преспа. Додека се расправаше за загадувањето во градот Скопје во собранието на Република Македонија Шилегов играше игрици на својот телефон, додека цело Скопје беше затворено поради полициски час, Шилегов побрза во својата луксузна хациенда на брегот на Мавровското езеро да се релаксира, додека скопјани чмаеа во нивните домови.

Шилегов во 4 години мандат шајка не закова, а да не зборуваме за тоа што не реализира ниту едно ветување од својата програма. Нема нов луна парк, нема нови булевари, подземни кружни текови, тунел под кале, нема ништо од тоа што ветуваше. Го разбираме, после 4 години мора нешто да зборува, па затоа и се навртел на рушење, но затоа не го оправдуваме“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он