Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат, Шилегов се фати за музика, подобро е да се фати за работа

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје реагира за како што велат „отсутноста и одлепеноста од реалноста на градоначалникот Петре Шилегов“.

„Додека луѓе умираат од коронавирус на Шилегов му дојде до музика и дава субвенции од 14.500 денари за часовно пеење на некој од скопските кровови. Дефинитивно Шилегов ги помешал приоритетите. За Шилегов приоритет се песните а не гужвата со автобусите на ЈСП. За Шилегов приоритет е пеењето по кровови, а не чистењето на ѓубре по улиците. За Шилегов приоритет е трошењето пари за забава, а не за чистење на еколошката бомба Вардариште“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поддржува проекти од уметноста, но во услови на здравствена криза, велат, Шилегов работи се друго, освен тоа што е најприоритетно за скопјани.

– Тој секој ден покажува дека единствениот спас за Скопје е негова оставка, со што Скопје ќе биде спасено од неговата неспособност, се додава во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски