Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч

Од:

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч

Од увидот кој го направи Советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани видовме дека се делени субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Проектот требаше да се искористи за да се намали бројот на домаќинства кои се греат на дрва, а не да се субвенционираат партиски лица на СДСМ.

Субвенции за инвертер клими се делени и врз база на некомплетна документација.

Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на Нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот?

Имаме сомнение дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци?

Дополнително во бараките на град Скопје советниците затекнале и целосна неуреденост и расфрлани документи. Целата постапка се води непрофесионално, и тенденциозно. Институциите да реагираат“, вели преку писмено соопштение, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он