Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Од:

„Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од дома и ќе добиете 100 евра“, што е уште еден дегутантен обид на Шилегов да биде актуелен по секоја цена, и по се друго, само да не биде актуелен со работа она за што Скопјани го плаќаат.

Значи Петре Шилегов наместо да засука ракавите и почне да работи, од дома тера пи ар, и се однесува како воен профитер“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Ако сака Шилегов искрено да помогне нека ја зголеми бројката на автобуси кои превезуваат патници во ударните термини, наместо постојано да ја намалува а скопјани да ги преполнуваат претесните автобуси?

Ако сака Шилегов да помогне, нека се зафати со 24 часовно миење на улици, а не парадерско фотографирање .

Ако сака Шилегов вистински да помогне, наместо градски забавувач нека биде градски татко и нека го реновира средното училиште чиј кров го одвеа последното невреме?

Ако Шилегов сака да работи одговорно, наместо да пишува додворувачки статуси за Филипче, нека помогне градот со набавка на бесплатни маски за заштита на Скопјани.

Ако Шилегов е вистински одговорен тогаш во ек на криза немаше туристички да се шета во Шпанија а притоа да не примени самоизолација.

Доста е од парадерство. И профитерството на Петре се претера, Скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка