Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Дали задолжувањето на Шилегов од 15 милиони евра се за предизборен поткуп и нови криминални тендери?

Од:

„Расипничкото работење на Шилегов нема крај. Расипникот Петре Шилегов градот Скопје само оваа недела го задолжи за нови 15 милиони евра кредити.

Петре Шилегов само оваа недела го задолжи секое семејство во Скопје со нови 100 евра“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Шилегов е градоначалникот на кој не му сметаше да потроши 400 илјади евра за новогодишно китење на градот и фамозни 100 илјади евра од непознати донатори за пеачот кој настапи, а сега се задолжува нови 15 милиони евра.

Дали ова задолжување не се пари за нов криминал пред изборите? Дали овие пари ќе завршат за финансирање на кампања и предизборен поткуп? Дали со ова Шилегов ги уништува со долгови јавните претпријатија?

Шилегов станува копија на криминалите на Зоран Заев“, соопштуваат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски