Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Билет за едно возење во ЈСП уште едно неисполнето ветување на Шилегов

Од:

„Иако беше најавено дека од овој месец во автобусите на јавниот градски превоз на патници се враќа хартиениот билет за едно возење, тој сè уште не е воведен. Оваа најава е уште од април годинава, но билетите ги нема. Беше дури и споменато дека пробното тестирање ќе се изврши во текот на летото, но ништо од тоа.

Се работи за тендер вреден над 2 милиони евра, и граѓаните се уште немаат можност за ваков начин на возење во градскиот сообраќаен превоз.

Неспособноста на Шилегов го гуши развојот на Скопје.

Билетот за едно возење во ЈСП уште едно неисполнето ветување на Шилегов. И додека крадоначалникот Шилегов не ги исполнува своите ветувања тоа не му пречи да го продолжи трендот на нови партиски вработувања во ЈСП. Согласно програмата за вработување таму до крајот на годината се предвидуваат нови 170 партиски вработувања кои ќе бидат на грбот на граѓаните на Скопје платеми со народни пари.

Две години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа“, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син