Совет на Европа: И во Македонија се напаѓаат новинари, во Европа таквите напади зачестиле за 40 отсто

Од:

Годишниот извештај на Платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите, објавен денеска од 14 меѓународни организации за слобода на печатот, идентификува 201 инцидент што сериозно ја загрозуваат слободата на печатот во 47 земји-членки на Советот на Европа за 2020 година, јави дописникот на МИА. Оваа бројка претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2019 година. Рекорден број предупредувања се однесувале на физички напади (52 случаи) и акти на вознемирување или заплашување (70 случаи).

Меѓу случаите во кои новинари биле мета на сексистички навреди и закани е наведен случајот со Тања Милевска, дописник на новинската агенција МИА од Брисел. Милевска беше жртва на малтретирање на интернет, кое вклучуваше вербално насилство, како и смртни закани и закани за силување на социјалните мрежи откако на Твитер праша дали унгарскиот премиер Виктор Орбан и Европската народна партија во Парламентот и ЕУ ќе ја признае уставната промена на официјалното име на земјата во „Северна Македонија“ одлучено во 2019 година.

Друг случај од Северна Македонија е тој со новинарките Мери Јордановска, уредник на А1он.мк и Искра Коровешовска, уредник на ТВ Алфа, кои биле мета на закани и навреди преку Интернет.

Во извештајот на Платформата на Советот на Европа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите се наведени и вербалните напади во некои земји како Србија, Словенија и Турција што биле дело на претставници најавните власти, вклучително и министри и шефови на држави.

Во Годишниот извештај на Советот на Европа, меѓу другото, се анализираат сериозните закани за слободата на печатот, како што е неказнивоста за злосторства извршени врз новинари – вклучително и 24 случаи на убиства на новинари кои досега останаа неказнети – заземање на независни медиуми од страна на државите, вознемирување на судскиот процес, политички притисок врз медиумите од јавниот сервис и надзорот над новинарите. Исто така се посочува на специфичната закана за слободата на печатот предизвикана од исклучителните ограничувања наметнати во 2020 година на активноста на новинарите со законите и регулативите за итни случаи донесени како одговор на пандемијата Ковид-19. тг/ев/

Би можело да ве интересира

Косово може да стане членка на Советот на Европа

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

Дик Марти почина на 79-годишна возраст

Повеќе новинари беа убиени во 10 недели војна во Газа отколку за една година во сите други земји