Состојбата со грип не е загрижувачка

Од:

Состојбата со грип во Македонија воопшто не е загрижувачка. Со 5.434 пријавени заболени досега, оваа година спаѓа во оние со помал број заболени, но се очекува следните две до три недели бројот да расте. Во пандемиската 2009 година имаше 58.000 случаи, а некои години имало и по 80.000 – 90.000 заболени од грип.

Ова се дел од заклучоците на Комисијата за следење на состојбата со грип која денеска одржа редовен состанок, а кои ги презентираше Јованка Костовска од Министерството за здравство. Таа посочи дека остануваат препораките и за населението и за здравствените работници.

– Се потсетуваат матичните лекари и сите останати здравствени работници да го даваат лекот тамифлу кој не е токсичен, а многу е потребен за спасувањето на здравјето и животот за поедини групи лица посебно за ризичните групи-хронично болните, бремените жени и малите деца. Потсетување за болниците, за сместувачките капацитети – ограничување на посетите во овој период бидејќи се работи за сезона на грип, а доколку се дозволат, тие да бидат со посебни заштитни мерки на лицата кои влегуваат внатре во објектите, рече Костовска.

Таа укажа на препораките со населението кое треба да ги почитува мерките – личната хигиена, избегнување контакт со заболен, а при појава на симптоми консултација со матичниот лекар за терапијата што е потребно да ја примаат.

– Препорака до населението – доколку има симптоми на грип, тој се лекува во домашни услови со лежење и одмор, да не одат на работни места бидејќи имаме податок од матичните лекари дека пациенти со полесна клиничка слика одат на работните места и за два три дена состојбата им се влошува. Сепак не би требало да дозволиме да се случи такво нешто. Препораките опфаќаат одржување хигиена во здравствени, образовни, социјални објекти и во јавниот превоз, истакна Костовска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека на Клиниката за инфективни болести има тројца случаи кои се водат како потешки, со претходни хронични заболувања.

– Тие се уште се во тешка здравствена состојба, Клиниката се обидува се што може да направи да се извлечат од таа состојба. Состојбата е променлива, можеби во секој момент состојбата кај лице со полесна клиничка слика да се влоши да биде потешка, а со потешка да биде подобра и да оздрави, тоа се очекувани состојби од грипот, додаде Костовска.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти