Состојбата на Пендиков се подобрува, повеќе не е на интензивна нега

Од:

Општата состојба на охриѓанецот Христијан Пендиков се подобрува и тој од интензивна нега е преместен на одделението за орална хирургија.

„Пендиков е изваден од интензивна нега и сместен на одделението за орална хирургија“, соопштија од Воената болница во Софија, пренесе БГНЕС.

Секретарот на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“ и македонски државјанин Христијан Пендиков минатата недела беше претепан од три лица по кратка расправија пред угостителски објект.
Од ударите Пендиков се здоби со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата.

Повредениот македонски државјанин кој пред еден месец аплицирал за бугарско државјанство, во петокот со авионот на бугарската влада „Фалкон“ беше пренесен на лекување во Воено-медицинската академија во Софија.

Бугарија остро го осуди нападот врз Христијан и го повика својот амбасадор во Скопје на консултации. Амбасадорот Ангел Ангелов нема да се врати во Република Македонија додека таму не дојде до промена, а македонскиот претседател Стево Пендаровски побара да не им се дозволи влез во Македонија на сите политичари кои деновиве ги навредуваат чувствата на македонскиот народ поради случајот со Пендиков.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски