Состанок за африканската свинска чума со гости од Србија, Бугарија, Романија и Чешка

Од:

Иако предвидувањата на соседните земји беа дека и кај нас наскоро ќе се појави африканска свинска чума, тоа засега сé уште не е случај. Според директорот на Агенцијата за храна и ветринарство, Зоран Атанасов, се преземаат сите неопходни и возможни превентивни мерки за спречување на болеста.

Африканската чума денеска ќе биде тема на состанокот во Скопје што го организираат домашните одгледувачи на свињи. Гости се директорката на Агенцијата за храна на Србија, како и висок претставник од Агенцијата за храна на Бугарија. За актуелната ситуација во земјава ќе зборува Атанасов, а одгледувачите ќе ги изнесат своите предлози за натамошно дејствување.

На дебатата насловена „Африканската свинска чума закана за свињарството“, ќе може да се слушне нешто повеќе и за биосигурносниот концепт во земјите од регионот, а споделени ќе бидат и чешки, како и романски искуства за справување со болеста

Директорот на АХВ, вчера, на прес-конференција, соопшти дека инспекциските служби будно ја следат состојбата во земјава. Пасивниот надзор се спроведува согласно донесените акти, а на секоја пријава од граѓани, ветеринари или институции за каков било сомнеж, веднаш се излегува на терен. Моментно има 29 одгледувалишта на свињи со висок ризик кои согласно мерките што се преземаат се очекува да преминат во фарми со низок или среден ризик. Заловувањето, пак, на дивите свињи што почна лани, ќе продолжи.

Досега е постапено по неколку пријави за пронајдени мртви диви свињи во регионите на Крива Паланка, Свети Николе, Куманово и Водно, но по направените анализи за африканска чума, добиени се негативни резултати. Во октомври лани на граничниот премин Деве Баир, пак, беше спречен и внес на пратка со свинско месо која по спроведените анализи покажа дека е позитивна на вирусот.

Алармот против африканската свинска чума се вклучи минатата година откако се зголеми бројот на жаришта во Бигарија, а се појавија првпат и во Србија. Неодамна, пак, појава на африканска чума пријави и Грција.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

Кај дивите свињи на Шар Планина откриена е болеста африканска чума

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува