Состанок во форматот Б6 со специјалните претставници за Западен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на Преспа Форумот за дијалог, беше домаќин на работниот појадок на високи претставници од регионот во форматот Б6, како и петте специјални претставници за Западен Балкан од САД, ЕУ, Обединето кралство, Германија и Австрија: заменик помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар, Мирослав Лајчак, Сер Стјуарт Пич, Мануел Сарацин и Јоханес Ајгнер.

„Земјите од Западен Балкан сè уште се борат да го најдат своето место меѓу развиените западни демократии, отпорни на глобалните предизвици. Сè уште ни недостасува одговор на некои од најитните отворени прашања со кои се соочува регионот, со цел поттикнување на суштинските дебати за економското закрепнување и просперитетот на Западен Балкан“, нагласи Османи.

Во тој контекст беше Б6 претставува автентична иницијатива способна да обезбеди брза директна комуникација за сите прашања што ги засегаат земјите од регионот.

Соочени со руската инвазија во Украина, регионалната соработка станува уште позначајна, особено во однос на демонстрирањето заедничко политичко лидерство и европско единство. Засилената регионална соработка и заедништво треба да бидат важни елементи на заедничкиот решителен настап кон ЕУ, поврзано со идното членство во Унијата.

Ваквиот состанок е особено значаен за зајакнувањето на регионалната соработка, особено што ова претставува прв пат клучните претставници за Западен Балкан да седнат заедно на иста маса, велат од МНР.

Иницијативата Б6 беше иницирана во рамки на минатогодишниот Преспа форум за дијалог во формат на министри за надворешни работи, со цел воспоставување непосредна и ефикасна комуникација за прашања од регионален интерес. Особено е значајна силната американска поддршка што беше демонстрирана во рамките на Стратешкиот дијалог со САД, што неодамна се одржа во Вашингтон.

Денешниот работен појадок е трет организиран состанок во рамки на форматот Б6, се наведува во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија