Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од ПСЈИЕ во Охрид

Од:

Во Охрид денеска ќе се одржи формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички vo Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во рамките на македонското претседавање со Процесот.

Во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води министерот за надворешни работи Никола Попоски.

На состанокот ќе присуствуваат и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, генералниот секретар на Регионалниот sовет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ, генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и други претставници на меѓународни организации.

Министерот Попоски ќе ги информира присутните за реализираните приоритети за време на македонското претседавање со Процесот, ќе бидат разменети мислења за актуелните состојби во Регионот на ЈИЕ и перспективите за еЕвропската интеграција на земјите од регионот.

Предвидено е и одбрување на Годишниот извештај на Генералниот секретар на РСС за периодот 2012 – 2013, одобрување на тригодишната Стратегија и Програма на РСС за периодот 2014 – 2016.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни