Здружението на бизнис жени од Македонија денеска беше домаќин на претставнички од Здружението на жени претприемачки од Босна и Херцеговина, во рамки на активностите за градење меѓународна соработка и јакнење на женското претприемништво во ЈИЕ.
Претседателките на македонското и на босанското здружение Валентина Дисоска и Аида Зубчевич на состанокот разговараа за можностите за соработка и за заедничко претставување на светските пазари, соопшти Здружението на бизнис жени на Македонија.
Претставниците на Здружението на претпремачки од БиХ, според агендата, денеска треба да имаат средба со Групацијата на жени од Федерација на фармери, како и работна средба со членки на Здружнието на бизнис жени.