Соработка на Кабинетот на претседателот Пендаровски и Интернационалната фондација за изборни системи

Од:

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и Интернационалната фондација за изборни системи денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот произлегува од заемниот интерес за зајакнување на меѓусебната соработка, со цел поддршка на Кабинетот на претседателот во реализација на активности кои се спроведуваат во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование, соопшти Кабинетот на претседателот.

Активностите заеднички ќе се реализираат во неколку области, односно, спроведување истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции.

Меморандумот го потпишаа генералниот секретар на Кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски и Иоана Косма, резидентен директор на Интернационалната фондација за изборни системи.

Заложбите на Претседателскиот центар се во насока на јакнење на културата на дијалог во духот на демократските вредности, заштита на човековите права и слободи, промоција на политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, придонесувајќи за севкупно вклучување на политичкото образование во формалниот и неформалниот образовен систем, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски