Сопругот на 23-годишната убиена мигрантка бара да го види телото – Обвинителството вели не додека не заврши истрагата

Од:

Приказната за голготата на сопругот на убиената мигрантка Фатмата ја објави италијанската невладина организација „Second tree“. Во нивната објава се вели дека мигрантката од Сиера Леоне била застрелана од македонски полицаец со службен пиштол кај касарната во Гевгелија во турканица за оружјето со шверцер и тоа пред очите на нејзиниот сопруг. Се додава и дека можеби била бремена. Тие тврдат дека на сопругот му е оневозможено да го види телото на својата сопруга. И дека откако бил држен во притвор му било понудено да го пуштат на граница, да продолжи кон Србија, но тој сакал да остане и изјавил: „Сакам правда за Фатмата“.

Во објавата се вели и дека веќе се ангажирани адвокати бидејќи институциите не му давале да го види телото на својата сопруга.

Од обвинителството за А1он потврдуваат дека е оневозможено да го види телото на неговата сопруга, но само бидејќи така налага процедурата. Односно телото по настанот е веднаш предадено на обдукција и во тек е правната постапка и истрага и како и во сите други случаи така и во овој откако ќе бидат завршени сите процедури, сопругот ќе добие известување кога ќе може да го подигне телото на својата сопруга.

Истрагата како што информираат од обвинителството е во неколку правци, против шверцерите на мигранти, но Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, со цел да се испита одговорноста на полицискиот службеник формира предмет и донесе Наредба за вештачење на папиларните линии на службениот пиштол, како и на други траги врз основа на кои ќе се утврди кој го испукал куршумот со кој е предизвикана смртта кај мигрантката.

Односно девојката е застрелана додека еден од шверцерите физички го нападнал полицискиот службеник и во текот на нападот бил испукан куршум од службениот пиштол, кој предизвикал фатални последици завршувајќи во тело на мигрантка која веќе била сместена на задното седиште во возилото.

Според некои информации сопругот Абу Бакар побарал и азил во земјава.

Младата мигрантка од Сиера Лионе беше застрелана на паркинг просторот на м.в. “Стара касарна” во Гевгелија кога шверцерите кои требало да ги превезат низ Македонија беа пресретнати од полицијата. На двајцата криумчари им е одреден 30-дневен притвор. Се испитува кој го испукал куршумот кој ја усмрти младата мигрантка.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он