Сопругата на претседателот учествуваше во хуманитарна акција

Од:

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска донираше хуманитарни пакети, а генералниот секретар во кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски даруваше крв во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во рамки на акцијата за дарување на крв и донирање на храна во знак на сеќавање на 11 септември, како и за одговарање на потребите на заедниците во земјава.

Акцијата, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се организира по тринаесетти пат од Амбасадата на САД во партнерство со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.

– Со донациите ќе му се помогне на Црвениот крст да им обезбеди храна и други потребни нешта за претстојните зимски месеци на семејствата кои за тоа имаат потреба. Исто така, ќе му се помогне на Црвениот крст да воспостави поголема мрежа на крводарители во Северна Македонија со цел да се исполнат идните барања со снабдување на крв, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Пендаровски со поддршка за младите лекари, секој мора соодветно да биде вреднуван за својот труд

Пендаровски: Дали Николовски како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ има донирано барем еден денар?

Пендаровски: Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество

Горан Наумовски

Пендаровски: Потребна е конструктивност во односите со Бугарија, постоењето македонско малцинство е факт

Горан Наумовски