Соопштени добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година

Од:

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје денеска спроведе тајно гласање, а потоа претседателката на Комисијата именувана од Одборот, Вангелина Мојаноска ги соопшти добитниците за 2021 година.

Од областа на науката, добитници се: проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами, автор, лектор и преведувач.

Од областа на образованието и воспитанието добитник е проф. д-р. Мишо Докмановиќ.

Од областа на публицистиката добитник е Слободан Петровиќ.

Од областа на културата добитници се: Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева, писател, поет, прозаист.

Од областа на уметноста добитник е Емилија Џипунова.

Од областа на здравствената заштита, добитници се: тим за имунизација од КОВИД-19 при Здравствениот дом – Скопје и медицински тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Северна Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда добитник е Раде Шербеџија. Од ученици и студенти добитници се: Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ и село Стајковци, Општина Гази Баба.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Севена Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ