Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози, информира ЈП „Македонијапат.
АМСМ, од своја страна, препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сојузот потсетува дека до 15 март трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.