Сообраќајни експерти од Франција во повеќедневна посета на Скопје

Од:

Експерти од Париз во областите на сообраќајот, инфраструктурата и урбанизмот споделуваа искуства и добри практики со претставниците од администрацијата на Град Скопје и јавните претпријатија на Град Скопје, во рамки на проектот „Зголемување на транспортната ефикасност во Европа“ (CREATE).

Како што соопшти Град Скопје, во рамки на проектот од 7 до 9 ноември во Младинскиот културен центар се организирани голем број дебати и презентации, каде што главни предавачи биле Доминик Риу, сообраќаен и транспортен инженер и Џереми Корел, економист и статистичар, двајцата вработни во Регионалната агенција на Париз за планирање и развој.

На работните средби биле презентирани дел од модерните решенија кои што се применуваат во Франција, како што се повеќестепениот транспортен систем, системот за изнајмување велосипеди, модерни сообраќајни решенија и слично.

Проектот CREATE е финансиран од Европската комисија, во рамките на Хоризонт 2020. Станува збор за 36 месечен истражувачки проект, кој е насочен кон истражување на проблемите во сообраќајот со кои што се соочуваат урбаните центри, како резултат на наглото зголемување на бројот на автомобили. Целта на проектот е давање  конкретни предлози и насоки за надминување на овие проблеми, како и размена на позитивни искуства и решенија помеѓу градовите.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски