Сообраќајната полиција во Скопје и Тетово ќе биде снабдена со камери за тело

Од:

Преку инсталирање камери на опремата на самите полициски службеници, Министерството за внатрешни работи ќе ги улови неправилностите во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес конференција истакна дека само тогаш кога нема влијание на човечкиот фактор тогаш имаме најдобри резултати, нема селективност и имаме добра транспарентност.

– Јавноста веќе е информирана дека собраќајната полиција во Скопје и во Тетово веќе ќе започне со користење на боди камери (камери на тело) на секој еден полицаец и на тој начин да имаме еден поинаков пристап и на граѓаните и на полицајците. Ваков пилот проект имавме во автопатската полиција. Таму веќе немаме ниту една поплака од кој било граѓанин, ниту пак од полицаец заради тоа што преку камерите, преку снимањето на сето тоа што се случува за време на контролата имаме целосен увид во состојбите и тоа е добро и за полициските службеници и е добро за граѓаните, изјави Спасовски, нагласувајќи дека овој проект се очекува да се интезивира во наредниот период.

Тој најави дека измените за Законот за безбедност на собраќајот моментно се во собраниска процедура.

– Сите законски промените што ќе треба да се направат ќе се направат се со цел да се овозможи да имаме функционална употреба на камерите и тој систем даде резултати во пракса. Секое законско решение што пред се значи заштита на личните податоци ќе биде испочитувано до максимум. Тоа ќе биде вклопено во целиот тој систем. На основа на тоа ќе биде и инсталирањето, рече Спасовски.

Воедно тој додаде дека крајна цел на МВР е да имаме функционален систем и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари