СОНК бара одложување на мерката за двосменско работење на градинките

Од:

Мерката на Владата која треба да се спроведе преку Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и од 1 септември градинките да работат во две смени е избрзана одлука без сооветни подлабоки анализи како тоа да се изведе, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков.

Тој рече дека нивно убедување и апел до МТСП било да се достави барање до Владата за повлекување односно одложување на овој процес на двосменско работење се додека не снајдат сооветени решенија околу прашањата кои се важни за нив како работници, за родителите, а најмногу и за децата.

Посочи дека се сретнале со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со која усогласиле ставови, како што рече, околу овие нејаснотии и прашања, што, според него, е позитивно во насока на надминување на состојбите, но и недоволно бидејќи, набрзо ќе дојде 1 септември.

Според него, општините треба да преземат активности со кои реално ќе ги претстават условите и можностите за организирање на двосменското работење. Појасни дека мора и локалната самоуправа во рамки на нејзините надлежности да го организира и работното време во согласност со побарувањата на родителите за двосменско работење.

– Отворени се и груги прашања во делот на трансформација на работи договори на наши работници кои долго време работат на повисока позиција, а земаат плата согласно решение кое им е издадено со пониско работно место, побаравме да продолжи континуитетот на зголемување на платите во детската заштита…рече Неделков и додаде дека добиле уверување од министерката за труд и социјална политика дека овие прашања се веќе разгледувани во МТСП и во наредниот период ќе излезат со конкретни одговори на нашите барања.

Тој рече дека на нив како раководство не им е јасно како ќе се одвива двосменското работење, почнувајќи од работното време за кое во дописот се кажува дека ќе биде од 7 до 21:30 минути, до конституирање на детските групи, до посетата на деца во една смена, во две смени или кој кога ќе сака, до проблемот на немање капациетет на градинките во однос на вработени кои не можат да ги задоволат потребите на една смена, до проблемот на негователскиот и воспитувачкиот кадар кој работи со групи деца кои во сите општини се двојно поголеми од нормативите кои се пропишани, до условите кои наложуваат еден воспитувач да работи и комбинира и покрива некоја друга група заради недостиг од кадар по основ на боледување итн. се до мотивираноста на вработените која е најниско скалило.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека над 200 вработувања требаат во детската заштита, сметајќи ги нивните анализи околу двосменското работење со цел проектот исправно да се спроведе.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати