Доколку до крајот на оваа календарска година не дојде до конкретни решенија СОНК ќе ја активира одлуката за генерален штрајк во образованието и културата, рече на денешната прес-конференција
Говорејќи за текот на преговорите со министерствата за образование и наука, за култура и за труд и социјална политика, тој посочи дека има уште една недела да добијат позитивни одговори од ресорните министерства.
– Од 1 до 18 јануари кога е период на зимски распуст на учениците, уште во првата недела Советот на СОНК ќе има седница на која детално ќе разговара по однос на резултатите од преговорите и ќе донесе одлука. Нашиот став е многу јасен доколку до 31 декември СОНК по пат на преговори не дојде до задоволителни резултати тогаш ќе се активира одлуката за штрајк, која е ставена во мирување, рече Неделков
По тримесечно преговарање, тој информира дека со Министерството за култура немале ниту една работна средба. Со труд и социјална политика оставриле неколку средби на кои се обиделе да ги решат спорните прашања, но од таму немало доставено никаков одговор или предлог за реализирање на барањата на СОНК. Најинтензивно, оцени Неделков, течеле преговорите со МОН, при што се договориле со министерот да формираат работни групи кои континуирано ќе работат по петте прашања.
– Работните групи работат, но многу прашања што ги отвори СОНК не добија конкретен одговор. Само работната група која работеше за намалување на педагошката евиденција и администрација има забалежително подобрување во тој дел и изгледа дека таму ќе се најде соодветно решение, рече претседателот на Синдикатот.
Тој појасни дека некои барања во старт биле отфрлени како предмет на преговори, како што е барањето за корекција на платите во основното и средното образование.
– Ние ккако синдикат по пат на социјален дијалог и партнерство бараме секое прашање без исклучок макисмално да биде отворено и со аргуметни да се разговара и да се дојде до решение, рече Неделков.
Според него, нема конкретен одговори ниту за прашањето околу вреднување, односно наградување и казнување на наставниците по пат на екстерни текстови.
Во посета на Македонскиот синдикат за образование, наука и култура е потпретседателот на Европската конфедерација на синидкатите за образование Бранимир Штрукељ, кој му даде целосна пооддршка на СОНК.
– Очекуваме да се воспостави дијалог во однос на проблемите во образованието, да се воспостави договор меѓу рамноправни партнери, со цел да се избегне конфликтот до кој би дошло доколку таков дијалог не постои или не е можен. Очекуваме пристап од Владата кој ќе овозможи компромис на крајот, затоа што ако тој конмпромис не се постигне конфликтот што ќе се случи ќе чини многу пари, ресурси, време, енергија и не е во инетрес на никој, рече Штрукељ.
Во врска со екстерното оценување, рече дека не е спорно, кога се користи како алатка за потврдување на квалитетот на образованието, вакви примери има во голем број земји. Спорно, според него, е дека нема земја каде тоа оценување е поврзано со платите на наставниците, односно со нивно казнување.
– Во однос на платата по учинок, против сме на таквото решение бидејќи не постојат докази дека тие го подобруваат квалитетот на образованието, додаде Штрукељ.