Сончево со јужен ветер и температура до 17 степени

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време. Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Исклучително високи водостои на Вардар и на Треска, има опасност од излевање

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени