Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Како што информира УХМР, до крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување.

Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи