Солзавец и шок бомби дури два часа по упадот во Собранието

Од:

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на 27 април дури во 20 часот и 50 минути, односно по нешто повеќе од два часа откако дел од граѓаните влегоа во Собранието, го блокираат патот за останатите граѓани од холот Лаборес да не се упатат кон прес центарот.

Во овој момент од вечерта на крвавиот четврток дел од службените лица со панцири и шлемови се упатуваат кон прес центарот, а дел стојат во ходникот за да го оневозможат понатамошното движење на граѓаните со помош на солзавец и шок бомби кои исто така се забележливи на снимките од собраниските камери.

Според снимките од безбедносните камери во Собранието, оваа акција на полицијата е задоцнета со оглед на тоа дека претходно од истиот ходник влезе поголема група граѓани која се упати кон прес центарот каде беа нападнати пратениците.

Од упадот на граѓаните во 18 часот и 45 минути па се до пуштањето на шок бомбите и солзавецот, во 10 минути пред 21 часот, од безбедносните камери се забележува како шефот на обезбедувањето на Трајко Вељаноски, обвинетиот Горан Ѓошевски, комуницира на мобилниот телефон.

На снимката се гледа и како нешто по 21 часот пратеникот Влатко Ѓорчев се упатува кон прес центарот.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски