Солидарност со турските ЛГБТИ активисти

Од:

Активист(к)ите од Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата (НМХТ) се згрозени од бруталниот однос на турската полиција во спречувањето на одржувањето на 13-тата по ред Парада на гордоста во Истанбул оваа недела.

„Употребата на водени топови, пластични куршуми, возила за растерување на толпа во илегален напад врз десетици илјади луѓе е недозволиво, неприфатливо и сосема спротивно на непреченото остварување на со закони и Устав загарантирано право на слобода на изразување, право на слобода на јавно здружување и собирање, и воопшто на владеењето на правото и на принципите на демократијата. Со примената на прекумерна и брутална сила во спроведувањето на незаконитата одредба на гувернерот на Истанбул, турската полиција стана соучесник во злосторството врз ЛГБТИ лицата и сериозно ја загрози безбедноста на сите учесници на самата Парада на гордоста, наместо да ја заштити.

Користењето на муслиманскиот празник Рамазан како изговор за забрана и блокирање на одржувањето на Парадата на гордоста е во спротивност со универзалниот карактер на човековите права и со правните обврски на секоја држава, без разлика на нејзиниот историски, културен и религиски контекст, да ги заштити и промовира човековите права на сите индивидуи.
Уште повеќе, користењето на овој празник како основа за забрана на Парадата на гордоста дополнително ги разгорува тензиите и ги позиционира исламот и ЛГБТИ лицата како два спротивставени идентитети, игнорирајќи го фактот дека постојат и ЛГБТИ лица со исламска вероисповед.

Ние, активист(к)ите на НМХТ, по најавата за денешното поднесување кривични пријави до надлежните полициски и останати државни органи од страна на турските ЛГБТИ активист(к)и, јавно апелираме тамошните власти итно да преземат одговорност и соодветно да ги санкционираат виновниците за бруталните физички напади за време на Парадата на гордоста изминатата недела.

Истовремено, како ЛГБТИ активист(к)и од Македонија кои исто така сме сведоци и жртви на државно-спонзорираната хомофобија, упатуваме повик за поддршка и солидарност до нашите соборки и соборци во Турција во борбата против угнетувачките, опресивни и агресивни политики со кои се секојдневно соочени.“, се вели во соопштението од НМХТ.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ