„Солидарност“ го поддржа штрајкот со глад на професорите

Од:

Левичарското движење „Солидарност” се солидаризира со штрајкот со глад кој го започнаа тројцата професори, Крсте Шајновски, Маргарета Матлиевска и Александар Костадиновски од универзитетот во Штип поради, како што велат оттаму, неисполнување и прекршување на законските одредби за кариерен развој и право на вработување и социјална сигурност.

„Грубото нарушување на процедурите, очигледно преку гласањето на наставно-научниот совет спротивно на заклучоците на рецезентската комисија која е оформена од истиот тој совет, а притоа не наведувајќи никакви образложенија наведува кон сомнеж за несмасен изблик на самоволие на управните органи и лица на Универзитетот Гоце Делчев. Л Д Солидарност најстрого го осудува и спречувањето на правото на штрајк на професорите во просториите на универзитетот од каде биле отстранети со повеќебројно обезбедување“ – велат од „Солидарност“.

Движењето ги поздравува конкретните чекори кои ги превзема СОНК и ги охрабрува да издржат во своите определби раководните членови на овој синдикат кои исто така започнаа штрајк со глад како чин на солидарност кон нивните колеги.

„Левичарското движење “Солидарност” ја поздравува оваа акција за вонинституционално и законско покажување на незадоволството во време кога веќе не постојат можности за решавање на проблемот во институциите на системот и истовремено ги охрабрува професорите и останатите работници во што поголем број да го поддржат штрајкот затоа што кога институциите ќе се затворат пред барањата на работниците, штрајкот е најсилното оружје во нивните раце“ – се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена