„Солидарност”: Да не ги заборавиме борците од најблиската историја кои загинаа за слободата за Македонија

Од:

Левичарското движење „Солидарност”, во сабота на 11-ти октомври, со почеток во 12 часот кај крстосницата кај Судска палата (страната кон УКИМ), по повод 11-ти Октомври, упатува покана за велосипедска прошетка на девет локации во Скопје, кои се важни обележја за првиот партизански одред во Македонија кој е формиран во Скопје.

„Меѓу 9-те локации, ќе бидат посетени: локацијата каде што е формиран Скопскиот партизански одред, локацијата каде што се случи една од првите две престрелки со окупаторот и локацијата каде што загина Благоја Деспотовски – Шовељ во обидот да го убие шпионот Мане Мачков. На сите девет локации се поставени спомен обележја или спомен плочи, но иако главно се на фреквентни места, обично остануваат незабележани.

Многумина знаат за АСУЦ, но не и за Боро Петрушевски. Сите знаат за 11-ти октомври 1941, но не и за 8-9 септември 1941. Се чини дека најблиската историја која ни ја донела слободата и републиката најмалку ја познаваме“, велат од Левичарското движење „Солидарност”.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Орце Костов

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска