Солана: Сигурен сум дека многу скоро ќе ги почнете формалните разговори со ЕУ

Од:

Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, во рамки на своето видео обраќање на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор.

– Ми претставува задоволство што имам можност со вас да прославам 20-годишнина од Охридскиот рамкоцен договор. Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но, исто така, е многу важен и за мене. Тоа беше почетокот на едно патешествие на соработка помеѓу различни народи од земјата, изјави Солана.

Toj посочи дека ќе остане „многу добар пријател“ на нашата земја и дека доколку некогаш ни треба нешто од пријател, „воопшто не се двоумете да ме контактирате“.

– Ви посакувам многу среќа Северна Македонија, порача Солана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ахмети: Четврт векот од Охридскиот договор да не најде горди како вчера, а не омаловажени и потценети, како денес

Катерина Ѓуровски

Меџити: Охридскиот рамковен договор не е само сеќавање, туку жив процес

Мицкоски: Со Рамковниот не беа најсреќни ниту Македонците ниту Албанците, но донесе мир и стабилност

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

ДУИ: Нашиот глас ќе се слушне, Охридскиот договор нема да се погази

ДУИ: Охридскиот договор без буџет и во рацете на Иван Стоилковиќ