Мицкоски: Со Рамковниот не беа најсреќни ниту Македонците ниту Албанците, но донесе мир и стабилност

Од:

Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност, истакна денеска во својот говор на настанот за одбележување на 24 – годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор премиерот Христијан Мицкоски.

– Како политичар не познавам мал или голем свет, ваков или таков, туку само еден свет – Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани. Заедно да градима и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност. Луѓето си одат, и селата се празнат и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и Бошњаци и сите. Тоа се најдобра порака на народот спрема оние кои повеќе од 20 години манипулираат дека работат за нив, а постојано ги делат, рече Мицкоски во говорот.

Натпреварот, посочи тој, не е кој колку може да биде радикален или да се удира во гради со простдушен национализам, туку денеска битката е да ги решиме реалните проблеми, да обезбедиме подобри услови за живот, за работа, просперитет за секој Македонец, Албанец, Турчин, Влав и останатите други наши сограѓани.

На одбележувањето во Владата се обрати и вицепремиерот Изет Меџити.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

А1он

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on