Сојузот на борците на НОБ доби на користење простории во Домот на АРМ

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со претставници од Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистичка војна на Македонија денеска потпишаа договор со кој на Сојузот му се доделуваат на користење простории во Домот на Армијата на Република Македонија за период од 10 години.

– На овој начин се обидуваме да исправиме една долготрајна неправда во оваа држава во која оние кои ја изборија и ја издејствуваа со крв, пот и многу мака слободата на нашата држава беа оставени на улица, рече министерката.

Затоа, додаде таа, Владата донела одлука за обезбедување на овие простории за во иднина врската меѓу државните институции и органи и Сојузот на борци уште повеќе да зајакнува.

– Нашата цел е новите генерации на сите оние кои крвареле, се бореле и жртвувале за Македонија, да им покажат дека нивната жртва не е залудна, рече министерката Шекеринска.

Претседателот на Сојузот Никола Стојановски истакна дека е задоволен од одлуката да им се излезе во пресрет на нивните барања да добијат простории во кои ќе можат да ја развиваат нивната работа и да продолжат тоа што го работеле за време и по војната за изградбата на државата.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски