Сојуз на средношколци: Поддршка за студентите и предложената мерка за помош на средношколците во услови на криза

Од:

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, во духот на солидарноста со Универзитетското студентско собрание при УКИМ и сите останати студентски собранија, изразува јавна поддршка на студентските собранија и им честита на вчерашната победа.

„Апелираме да се размислува за изнаоѓање на системско решение за субвенционираниот студентски оброк, налик на моделот применуван во европските земји, конкретно Словенија. Освен финансиската, важна улога мора да играат и нутритивната и економската димензија.

Понатаму, скорешните настани ја покажуваат важноста на вклучувањето на засегнатите страни во процесите на одлучување a priori, т.е. уште кога ќе се работи на првиот нацрт. Државните институции мора да размислуваат стратешки, а не да чекаат да се создаде револт којшто ќе ги коригира нивните грешки“, велат од Сојузот на средношколци.

„Воедно Сојузот на средношколци ја користи оваа прилика да ја поздрави предлог-мерката за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, која предвидува месечна финансиска поддршка од 3.000 денари за сите средношколци. Оваа предлог-мерка на прес-конференција ја образложи пратеникот и претседател на Собраниската комисијата за финансии и буџет, Бојан Стојаноски. Оваа приоритетна мерка е голем чекор во зголемување на средношколскиот стандард, а ќе им помогне на средношколците во ова време на криза. Сојузот на средношколци ги повикува сите пратеници во најкус можен рок да ја поддржат мерката, со што ќе нè поддржат и нас.

Средношколците мора да бидат вклучени во дизајнирањето на политиките коишто ги засегаат. Сојузот, како и досега, ќе продолжи да се залага и да предлага мерки кои ќе ги штитат средношколците и ќе го застапуваат нивниот интерес“, соопштува Сојузот на средношколци.

Би можело да ве интересира

Од Македонија годишно заминуваат околу 2500 високообразувани кадри

Катерина Ѓуровски

Мицкоски најави ваучери за таблети за сите студенти во вредност од 250 евра

Министерството за образование нема да го плати долгот од осум милиони евра за студентски превоз без судска одлука

Катерина Ѓуровски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки