Сојуз на средношколци: Дигитализацијата не смее да биде единствено решение

Од:

Дигитализацијата во образованието е чекор во добар правец, но не смее да биде единствено решение, порача Средношколскиот сојуз, кој денеска изнесе свој став за најавата на ресорното министетство за воведување дигитални учебници од четврто одделение од учебната 2021/2022 година. Утре ставот ќе го изнесе и на состанок со работната група што го креира овој концепт.

Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи во изјава пред Министерството за образование и наука рече дека образовниот систем мора да ги почитува индивидуалните желби и преференции на секој ученик, зашто секој има различен начин на учење – некои преферираат од учебник, а други од дигитални уреди.

– Според нашите информации, нема ниту една земја која целосно користи дигитални учебници во наставата. Сојузот смета дека дигитализацијата во образованието е чекор во добар правец, но не смее дигиталното да биде единствено решение. Моделот мора да биде сензитивен за различностите. Ако сакаме да имаме целосно дигитални учебници, тогаш учениците и наставниот кадар мора да стекнат дигитални вештини т.е. дигитална писменост. Не може нешто да биде обврзувачко за граѓаните, а тие ги немаат средствата за да го исполнат барањето. Ние сме земја со слаба дигитална мрежа, а тоа го покажа и фијаското на наставата на далечина. Апелираме доколку се воведат дигитални учебници, нивниот софтвер да биде поквалитетен и да не падне на првот ден како што беше со националната платформа schools.mk, изјави Ходаи.

Според Сојузот, за печатење на учебниците не смее да бидат обврзани училиштата зашто тие немаат соодветни ресурси, некои немаат ниту печатач, туку тоа да биде централизирано и да го спроведува МОН. Нагласи дека печатените улебници треба да бидат „вистински книги со корици, а не скрипти“. Добра алтернатива е, рече, и прикачување на учебниците во ПДФ-формат, но тоа да не биде правило.

Ходаи смета дека добар модел што би можеле да го преземеме има Белгија, каде што ученикот може да избере дали сака да учи од печатени или од дигитални учебници. Се согласува дека добар модел има и Естонија, кој како пример го посочува и министерката Мила Царовска, но напомена дека таму им се даваат ИТ-уреди на учениците за секој да има пристап до дигиталните учебници.

– Но, ние не можеме тоа да го направиме зашто 40 000 ученици немаат интернет-пристап или уреди, а осум илјади од нив се во средно образование, додаде лидерот на средношколците.

Во однос на изјавата на министерката дека училиштето не е повеќе интересно за учениците, Ходаи со коментар дека училиштата секогаш ќе бидат интересни за учениците, но нема да биде интересно, како што рече, „да се одлучува за нив без да бидат прашани и консултирани“.

– Така што, оваа изјава колку и да звучи логично, заклучокот на министерката не е само паушален, туку може да биде и опасен, смета Ходаи и додаде дека учениците во септември 2020-та во речиси сите градови во земјава протестирале за да се вратат во училиште на комбиниран модел на настава. Со тоа покажале, рече, дека училиштата за нив не се само објекти, туку се важни за едукација, но и за социјализација и интеракција меѓу учениците.

На прашањето дали Сојузот ја поддржува онлајн-петицијата против дигитализацијата, одговори дека проблемите не се решаваат на Фејсбук, а тоа го искусиле со барањата што ги имаа за државната матура, за кои договорот го постигнаа со преговори.

-Треба да бидеме активни, да даваме конктретни предлози како и што треба да се направи за дигитализација на учебниците. Само со пишување статуси на Фејсбук не се решаваат проблемите. Ние утре ќе имаме состанок со работната група што го креира овој концеот за дигитализација на учебниците и конструктивно ќе дискутираме за нашите барања, додаде претседателот на Средношколскиот сојуз.

Во врска со државната матура, одговори дека процесот почнува да се одвива онака како што барале и дека обврските за интерните испити ги спроведуваат и оние училишта што тоа го избегнуваа, откако Сојузот минатата недела реагираше со допис до Владата и МОН дека не се почитува договорот постигнат во февруари.

Би можело да ве интересира

Сојузот на средношколци на средба во МОН за барањата за државната матура

Ана Ололовска

Сојуз на средношколци: Поддршка за студентите и предложената мерка за помош на средношколците во услови на криза

Ана Ололовска

Ковачевски на средба со средношколците

А1он

Сојузот на средношколци го поздравува постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата

А1он

Сојузот на средношколци апелира за солидарност со учениците преку брзо склучување на договор меѓу Владата и СОНК

А1он

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и апелира да се почитуваат протоколите

А1он