Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Од:

Сојузот на борците на Македонија излезе со оценка за актуелната состојба во Македонија.

Борците сметаат дека Република Македонија ја доживува најголемата политичка криза од постоењето на слободната македонска држава, што ги загрозува нејзините остварени темелни вредности и опстанок.

Обелоденетиот податок за тајно прислушување на над 20.000 граѓани (сеедно од било кого), за Сојузот е најголем удар на човековите права и слободи во земјава и укажува на целосен распад на безбедносниот систем на државата.

Вистините што ги откриваат јавно презентираните аудио – снимки (од никого досега не демантирани), велат, укажува на несфатливата и недозволива неодговорност и распојасаност на одговорните државни фактори во сегашното тоталитаристичко владеење на земјата, без грижа за нејзините општествени и државни инетереси.

„Со стаписаност констатираме дека наспроти сите досегашни постојани укажувања и залагање на прогресивните сили на земјата, меѓу кои и на Сојузот на борците со своите настапи и активности, за надминување на постојаната угроза на демократските процеси во земјата и на нејзините развојни приоритети, во прв план на власта биле личните и сопствените интереси и збогатување на нејзините врвни функционери.Сојузот на борците смета дека во овој судбоносен политички момент за Република Македонија е најнеопходно насочување на сите општествени сили и творечки енергија во земјава за надминување на овие состојби, примерно санкционирање на виновниците, реафирмирање на демократските вредности на правната држава и натамошен развој на Република Македонија, нашата единствена држава, здобиена со крвта на најдобрите синови на народот на Македонија“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска

Сојузот на Борците продолжува активно да функционира

Емир Латифовиќ