За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Од:

Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните поддржувачи се непријатно изненадени од одлуката на организаторот на одбележувањето на 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор и денот на борецот, да не му се овозможи обраќање на свечениот собир на претставник на нашата организација и драматично да го ограничи учеството на собирот на нашите претставници. На овој начин се растура една веќе затврдена традиција на чествување на овој значаен ден во историјата на македонскиот народ, стои во реакцијата од Сојузот на борци.

Сакаме и на ваков начин да ги известиме своите соборци, продолжувачи на придобивките од НОБ, почитувачи на тие придобивки и целиот македонски народ дека не ја прифаќаме оваа потценувачка улога, бидејќи сериозно се повредува историјата на македонскиот народ.

Сојузот на борците ќе најде начин како да го одбележи овој значаен датум.

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска

Сојузот на Борците продолжува активно да функционира

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

9 − six =