Софијанова демантира: Дописот и потписот се фалсификат

Од:

Претседателката на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Аспазија Софијанова, тврди за Плусинфо дека дописот што беше презентиран на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и претседателот на ОО на СДСМ Центар, Саша Богдановиќ, во кој се повикува членството на ВМРО-ДПМНЕ да не излегува на референдумот, а активистите да ги уништуваат пропагандните материјали, е фалсификат.

– Тој допис е тотален фалсификат. Ниту сум потпишала таков допис, ниту пак сум имала некакви напатствија за такво нешто. За фалсификувањето на мојот потпис, фалсификаторот ќе добие тужба. Веќе контактирав со мојот адвокат и наскоро ќе се договориме кој ќе биде тужен. За тоа дека дописот е фалсификат веќе го информирав и градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски – изјави за Плусинфо Аспазија Софијанова.

Таа тврди и дека во периодот означен на дописот таа била на чествување на Велигден во Ерусалим.

Денеска Манчевски и Богдановиќ на прес конференција презентираа допис од 16 април годинава, потпишан од Софијанова во кој на членови на ОК на ВМРО ДПМНЕ и активисти им се наложува да ги посетат сите домаќинства во општината за да ги информираат за партискиот став да не се излегува на гласање на референдумот за ГТЦ во недела.

Во дописот стои дека на помош за ова ќе дојдат и членови од општинските комитети од Куманово, Велес, Прилеп, Гази Баба и Бутел, како и УМС Ѓорче Петров, УМС Карпош, УМС Аеродром, УМС Бутел, УМС Кисела Вода, УМС Чаир и УМС Сопиште кои ќе бидат задолжени за вечерните активности, за отстранување на пропагандниот материјал за референдумот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ