Софија воведува толкувачи за знаковен јазик во градските служби

Од:

Советодавно тело, во кое ќе учествуваат претставници на здруженијата на глувите, ќе работи на воведувањето бугарски знаковен јазик во административната служба за опслужување на глувите и слепи и глуви лица на територијата на општина Софија, одлучи денеска градскиот совет на бугарскиот главен град Софија.

Советот ќе вклучува советници од општината, службени лица од општина Софија и регионалните администрации, како и до четворица претставници номинирани од невладините организации на и за глувите лица, информираат од СОС.

За половина година треба да биде изготвен акцискиот план со мерки, услови и средства за воведување административна служба на глуви и слепи и глуви граѓани на територијата на општина Софија, како и превод на знаковниот јазик на настани со учество на лица со попреченост. Ќе бидат креирани и специјални информативни видеа на темите „Транспорт“, „Социјални активности“ и „Спорт“, кои ќе бидат поставени на електронскиот портал на општина Софија.

Законот за бугарски знаковен јазик, што стапи на сила во февруари 2021 година, ги обврзува градоначалниците на општините да создадат услови за административни услуги за глувите и слепи и глуви лица до крајот на 2022 година.

Само еден месец по усвојување на законот по наредба на градоначалникот на Софија, Јорданка Фандакова, формирана е работна група за да направи анализа и да подготви предлози за спроведување на обврските за административна служба на глуви и слепи глуви лица од страна на општинската администрација на Софија, потсетуваат од СОС.

Општинските советници и заменик градоначалникот за дигитализација, Генчо Керезов, одржаа серија работни состаноци со претставници на повеќе од 10 организации на и за глуви и слепи и глуви лица и заедно ги утврдија првите чекори за да се обезбеди нивниот пристап до општинските административни услуги. Од нив стана јасно дека создавањето правила за луѓето од здруженијата на глувите е невозможно без нивно учество и не би довело до спроведување на законот. Веќе почна информативна кампања меѓу различните единици на администрацијата за животот, идентитетот и културата на заедницата на глувите, информра СОС.

Би можело да ве интересира

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Михаилова слободно ја мина границата со Бугарија, бугарското МНР не било известено за нејзините потези

Горан Наумовски

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува