Софија упати протестна нота до Скопје откако 920 книги не биле пуштени на Деве Баир

Од:

Амбасадата на Бугарија во Скопје испрати протестна нота до македонското Министерство за надворешни работи поради одлуката на царинските власти на граничниот премин Деве Баир да запрат пратка од 920 бугарски книги наменети за Бугарскиот културно-информативен центар во Македонија, соопшти бугарската министерка за надворешни рабои Екатерина Захариева на својот профил на Фејсбук.

„Бугарските народни песни од браќата Миладинови беа транспортирани од бугарскиот граѓанин Виктор Стојанов, кој приложил договор за донација на цариниците на Деве Баир, со кој книгите треба да се обезбедат за нашиот културен центар. И покрај тоа што конзулот бил испратен на самото место од нашата амбасада во Скопје, царинските власти побарале претходната дозвола од Министерството за надворешни работи на РСМ да се усогласи со Министерството за култура на РСМ. Со оваа нота Амбасадата бара објаснување зошто е наметнато посебно овластување за увоз на литература од земја членка на ЕУ, што не е регулирано никаде и е апсурд во 2021 во земја која тврди дека сака да се приклучи на ЕУ. Скандалозниот чин на властите во Република Северна Македонија ќе биде презентиран на Европската комисија и на амбасадите на земјите члекнки на ЕУ во Скопје, најави Захариева.

Би можело да ве интересира

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското езеро

А1он

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски