А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Anela Petrova
Македонија

Социјалните работници имаат клучна улога во креирањето на позитивните општествени промени

by Anela Petrova19/03/2019 - 16:57177
Share0

Министерството за труд и социјална политика го честита Меѓународниот ден на социјалната работа, кој оваа година се одбележува со фокус на важноста на меѓучовечките односи. Од МТСП во соопштението посочуваат дека социјалните работници од целиот свет денеска заеднички ги одбележуваат достигнувањата на професијата и ја подигнуваат јавната свест за клучната улога на социјалниот работник во креирање на позитивните промени во општество и грижа за ранливите категории граѓани.

Добивај вести на вибер

-Силните социјални системи се темел на секое стабилно, продуктивно и напредно општество. МТСП континуирано работи на унапредување на социјалните услуги во државата, со цел да обезбеди заштита и подобри услови за живот за сите граѓани. Токму ова се целите на новите закони за социјална и детска заштита, кои треба да ги гласаат пратениците во Собрание.

Овие закони се дел од социјалната реформа, со која околу 40.000 граѓани трајно ќе се извлечат од сиромаштија. Социјалната помош се зголемува за 300 отсто, но предвидена е и поддршка за полесно вработување на ранливите категории граѓани, за да можат самостојно да се грижат за себе и за своите семејства. Дополнително, новите закони предвидуваат двојно зголемување на детските и образовните додатоци, со што се намалува детската сиромаштија и се создаваат еднакви можности за развој за сите деца.

– МТСП им се заблагодарува на сите социјални работници за нивната посветена работа во текот на целата година. Само со заедничка сили ќе изградиме едно вистински хумано општество, каде никој не е заборавен, се вели во соопштението од МТСП.

mtsp

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен